Топ Вести

Мешков Брест го порази Металург

15.11.2017 20:14
8870_original_resize

Во рамките на 7. коло на СЕХА-лигата, Металург загуби на гостувањето во Брест. Во натпревар со многу падови и подеми на Металург, Мешков Брест славеше со резултат 35:30 (18:17).

Металург играше рамноправно во текот на првите десетина минути, во кои имавме егал ситуација при 3:3, 4:4 и 5:5. Потоа следуваше првата криза во редовите на нашиот тим, проследена со низа грешки на нашите ракометари, но и со неколку лесни голови на противникот во празната мрежа на Металург. Во 12. минута Мешков имаше позитива од четири гола, а во 16. минута дури и пет, 12:7. Металург со многу напор успеа да се врати во игра и, со серија од 6:1, и да го израмни резултатот во 21. минута, 13:13. Во следните десетина минути се играше гол за гол, иако Металург четири минути играше со играч помалку, поради двете едноподруго исклучувања на Димитриевски. Првиот дел заврши со минимална предност на противникот, 18:17.

Во второто полувреме повторно дојдоа до израз слабостите на Металург. Најпрво противникот создаде дистанца од два до три гола, а потоа постепено ја зголеми својата предност до максималните 8 гола во 56. минута, 24:16. Во овој период Металург прими уште неколку лесни голови во својата празна мрежа и веќе немаше сили во трката по резултатот на противникот. Средбата заврши со резултат 35:30, па Металург го запиша својот петти пораз во ова регионално натпреварување.

Веќе утре Металург преку Минск ќе отпатува за Истанбул. В сабота, во Измит, Металург ја игра средбата со Бешикташ, натпревар во рамките на 8. коло на Лигата на шампионите.

.

Мешков Брест – Металург 35:30 (18:17)

Мешков Брест: Мијатовиќ (4 одбрани) 2, Мацкевич (8 одбрани) 1, Рутенка 4, Јашченко, Шкурински 4, Јуринок 2, Потеко 1, Никуленко 5, Наумук, Шумак, Продановиќ 4, Разгор 3, Игропуло 3, Селвесјук, Џорџиќ 6 и Астрашапкин.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 6 минути.

Металург: Томовски (5 одбрани), Арсиќ (3 одбрани), Петров, Јагањац 7, Токиќ, Танкоски, Серафимов, Кузмановски 8, Илиќ, Анџелиќ 3, Велковски, Пешевски 4, Палевски 1, Гуглета 3, Димитриевски 2 и Арсеновски 2.   Седмерци: 7/8.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 245 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 6