Топ Вести

Металург 2 е старо-нов младински шампион на Македонија

07.05.2017 17:45
0700520167MJI_0036_resize

Младинците на Металург 2 се старо-нови младински шампиони на Македонија, откако во денешното финале го надиграа тимот на Работнички, кого го совладаа со огромни 33:16 (14:6).

Нашите ракометари од самиот почеток покажаа дека победата е единствен императив на денешната средба. Тргнаа моќно и за само неколку минути ја направија и првата појасна предност, 5:2. Игравме одлично во одбрана, па на противниците им дозволивме да се радуваат на само шест голови постигнати во првите 30 минути. Игравме одлично и во нападот во кој бевме разновидни и опасни од секоја позиција. Разликата од 8 гола, по првото полувреме, во голема мера го најави конечниот наш триумф на овој натпревар.

Во вториот дел Металург 2 продолжи со канонадата на голови. Многу брзо разликата стана двоцифрена, па единственото прашање што преостануваше е со колкава предност ќе ја завршиме оваа средба. Работнички ниту во еден момент не беше во позиција да ни ја загрози победата и на крајот коректно го призна поразот.

Младинците на Металург 2 одиграа перфектна сезона и победија во сите 16 средби во оваа конкуренција, 14 во групната фаза и 2 во фајналфорот.

Оваа титула е трета во витрината на Металург во тековната сезона. Претходно, титулите ги одбранија и нашите кадетки и кадети.

 

Металург 2 – Работнички  33:16 (14:6)   

Металург 2: Петковски, Обреновиќ, Палковски 1, Лазаревски 2, Шулевски 3, Младеновиќ 3, Здравковски, Димитриоски 7, Гошевски 2, Стојменов 1, Шилегов 3, Лембанов 1, Танкоски 6, Смилевски 3, Серафимов 1 и Божиновски.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 минути.

Работнички: Јонузи, Ќосев, Алексовски 1, Симоновски 2, Атанасовски, Гајиќ 8, Тасов, Жупановски, Алушовски, Калков, Калковски 3, Анев, Коџоман 1 и Милошевски 1.   Седмерци: 4/7.   Исклучувања: 0 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 6