Топ Вести

Металург 2 испушти можност за бодови против Пелистер

26.11.2017 15:09
_DSC0078_resize

Металург 2 , во рамките на 11. коло на машката Суперлига, денеска во Автокоманда ја пречека екипата на Пелистер, водечка екипа во досегашниот тек на првенството. Како и во многу наврати во текот на ова сезона, нашите млади ракометари и оваа средба ја загубија минимално, со резултат 31:32 (17:17). И овој пат Металург 2 беше блиску до бодовите, водеше во 3/4 од средбата, често и убедливо, но на крајот повторно немаше сили, концентрација или среќа, и бодовите повторно заминаа со гостинскиот тим.

Металург 2 имаше одличен почеток и релативно лесно дојде до убедлива предност од 4 гола, 5:1 и 6:2. Гостинските ракометари дури при крајот на првото полувреме дојдоа до можност да се доближат, а со својот последен напад и да го израмнат резултатот.

Второт полувреме, пак, мина во огорчена и рамноправна борба и игра гол за гол. Во првите 15-тина минути Металург 2 поведуваше, а Пелистер израмнуваше. Така беше се до резултат 23:23 а потоа Пелистер прв пат поведе и своето водство го задржа се до крајот на средбата.

Како и да е, Металург 2 денеска заслужи најмалку еден бод. Всушност, Металург 2 заслужи многу повеќе од оние 4 бода што досега ги има освоено.

.

Металург 2 – Пелистер  31:32 (17:17)

Металург 2: Василевски, Гошевски, Лазаревски, Смилевски, Серафимов 11, Арсеновски 2, Даниловски, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ 3, Мелоски 5, Кондев, Шилегов 2, С.Додиќ, Митиќ и  Палевски 2.    Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 8 минути.

Пелистер: Ристевски, Јагуриновски 2, Маџовски 1, Ивановски, Чантурија 4, Димитровски 5, Апостоловски, Рајичиќ, Чуриќ 5, Орџоникидзе 8, Боеовски, Митревски, Ончев 2, Тодоровски и Везенковски 5.    Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − = 0