Топ Вести

Металург 2 испушти победа во Радовиш

21.10.2017 20:01
_DSC0165_resize

Во рамките на 6. коло на машката Суперлига, екипата на Металург 2 гостуваше во Радовиш, од каде се враќа со само еден освоен бод, иако немаше да биде незаслужено ако се вратевме и сите три бода.

Металург 2 во целина беше подобриот тим на оваа средба и во најголемиот дел од мечот имаше резултатска предност и контрола врз натпреварот.

Почетокот на средбата мина во знакот на нашиот тим, кој во овој период имаше постојана предност, изразена најмногу со четири гола разлика, 3:7. Домашниот тим успеа да израмни дури кон средината на првото полувреме, а потоа и минимално да поведе. До крајот на првото полувреме двете екипи се менуваа во водството, но крајот сепак му припадна на тимот на Радовиш, кој на одмор замина со вишок од два гола, 15:13.

Во второто полувреме Металург 2 брзо ја достигна противничката предност и  повторно го презеде водството, кое го задржа скоро до самиот крај на овој интересен натпревар. Екипата на Радовиш израмни од седмерец, во својот последен напад и се спаси од заслужен пораз. Ова се случи на десетина секунди до крајот на средбата.

Најдобри поединци во нашиот тим беа голманотДаниловски, кој забележа 19 одбрани, од кои дури 5 од линијата за седум метри, и десното крило Шилегов, кој постигна 9 гола.

.

РК Радовиш – РК Металург 2  24:24 (15:13)

РК Радовиш: Паунов 1, Левов 1, Борисов, Пешовски, Јованов, Долдуров 2, Глигоров, Ѓорѓиев 3, Фенов 1, Соколов 2, С.Спасов, Спасков, Симиќ 1, Чизмовиќ 5, Мајиќ 8 и А.Спасов.    Седмерци: 4/9.   Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Даниловски, Василевски, Димитриоски 2, Тодоров, Ристовски, Серафимов 7, Арсеновски 3, Лембанов, Младеновиќ, Гајиќ 2, Мелоски 1, Кондев, Митиќ, Кофиловски, Шилегов 9 и Гошевски.    Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 10 минути.   Црвен картон: Даниловски во 60 минута.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Васил Чавдаров.

Прочитано 118 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =