Топ Вести

Металург 2 обезбеди опстанок во македонската Суперлига

06.06.2017 17:37
060682017_DSC0016_resize

Во Автокоманда вечерва се одигра бараж-натпреварот за опстанок во македонската ракометна Суперлига. Претпоследниот во плејаут-фазата тимот на Металург 2, се сретна со второпласираниот тим од Првата лига Вардар 2.

Многу полесно од очекуваното, Металург 2 извојува убедлива победа и обезбеди опстанок во најсилната македонска ракометна лига.

Натпреварот на самиот почеток, уште во првата минута, имаше прекин од половина час, поради незгодниод пад на нашето лево крило Тадеј Матијашиќ, кој доживеа отворен прелом на десната потколеница и беше однесен со возилото на Брзата помош.

Што се однесува на самиот натпревар, Металург 2 без поголем напор, уште во првата четвртина од средбата, обезбеди предност од 8 гола, 13:5, а таа разлика се искачи на десет гола до крајот на првото полувреме.

Во вториот дел имавме и предност од 12 гола, 22:10, но потоа Александар Петровски ја повлече првата постава, па средбата доби рамноправен карактер. Конечниот резултат од овој меч е 36:26.

Металург 2 обезбеди опстанок и следната сезона повторно ќе настапува во Суперлигата.

Металург 2 – Вардар 2  36:26 (20:10)

Металург 2: М.Петковски 3, Матијашиќ, Лазаревски 1, Шулевски, Палковски 1, Димитриоски 6, Гошевски 3, Стојменов 1, Шилегов 6, Лембанов 1, Танковски 3, Смилевски 2, Б.Петковски, Серафимов 3, Божиновски 4 и Прцуловски 2.    Седмерци: 0.   Исклучувања: 10 минути.

Вардар 2: Петковски, Чакалиќ 3, Крстевски 2, Мишевски 1, Трајковски 2, Димитров, Апостоловски 3, Гичев, Мицановски 1, Гјоршоски 6, Брауновиќ, Стоилевски 2, Стошиќ 1, Амзоски 1, Атанасовски 3 и Стојановски 1.    Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје.

Делегат: Камер Металари од Скопје.

Прочитано 11 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 9 =