Топ Вести

Металург 2 се враќа со победа од Кале

03.12.2017 19:16
_DSC0048_resize

Средбата од 12. коло на машката ракометна Суперлига, меѓу вторите екипи на Вардар и на Металург им припадна на нашите ракометари. Металург 2 го совлада тимот на Вардар Јуниор, со резултат 28:27 (14:13).

Металург 2 заслужено дојде до трите бода, бидејќи во најголем дел од средбата имаше резултатска предност. Всушност, Вардар Јуниор имаше предност само во краток период од првото полувреме, кога водеше со 8:7 и 9:8. И толку.

Во првото полувреме се играше рамноправно, но со постојана, иако минимална, предност на Металург 2.

Вистинска борба се разви во второто полувреме. Најпрво Металург се издвои и поведе со највисоки пет гола разлика, 16:21, но потоа влезе во криза и му дозволи на противникот да се врати во игра. Во тој период Металург 2 направи голем број на технички грешки, пропратени со шутеви од неизградени позиции. Вардар Јуниор успеа да ја стопи разликата и да го израмни резултатот, но и ништо повеќе од тоа. Се до крајот Металург 2 имаше водство, а Вардар Јуниор се обидување да го стигне нашиот резултат. Во последните 30 секунди влеговме со предност од два гола, 26:28. Последниот гол на средбата го постигна Вардар Јуниор, а последниот напад го имаа нашите ракометари, кои не успеаа да го искористат и да ја зголемат разликата.

Со оваа победа Металург 2 успеа да се реваншира за поразот од второто коло, кога во Автокоманда славеше Вардар Јуниор, со резултат 23:22.

.

РК Вардар Јуниор – РК Металург 2  27:28 (13:14)

РК Вардар Јуниор: Н.Кизиќ, Димов 5, Чакалиќ, Крстевски 4, Мишевски 3, Димитров, М.Кизиќ, Петковски, Карапалевски 1, Трпчевски 8, Николовски, Димитровски 3, Кукуловски 2, Стојменов, Атанасовски 1 и Цветаноски..   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 6 минути.

РК Металург 2: Даниловски, Василевски, Гошевски, Лазаревски 3, Божиновски, Серафимов 4, С.Додиќ, Лембанов 1, Младеновиќ, Гајиќ 2, Мелоски 2, Кондев, Митиќ, Танкоски 11, Шилегов 5 и Ристовски.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 6 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 3 =