Топ Вести

Металург 2 сезоната ја заврши со пораз од Прилеп

01.06.2017 17:32
_DSC0059_resize

Во Автокоманда се одигра последниот натпревар во тековната сезона во кој Металург 2 е поразен од Прилеп со резултат 36:39 (17:17).

Видовме средба без натпреварувачко значење за двете екипи во кој Металург 2 беше подобар на почетокот, а инфериорен во остатокот од овој натпревар.

Металург 2 амбициозно ја почна средбата и поведе од првиот свој напад. Водеа нашите ракометари во текот на првите 25 минути, на средината на првото полувреме и со максимални +5, 11:6, но прилепчани полека ја консолидираа својата игра и до крајот на полувремето ја анулираа предноста на нашиот тим.

До своето прво водство Прилеп дојде на почетокот на вториот дел, а потоа гостите направија и посериозна разлика, која во 42. минута изнесуваше 5 гола, 21:26. До крајот на средбата Металург 2 успеа само да ја намали негативата, па Прилеп заслужено ги однесе сите три бода.

Металург 2 плејаут-фазата ја заврши на последното место и за опстанокот во Суперлигата ќе се бори во бараж-средбата со второпласираната екипа од Првата лига Вардар 2.

 

Металург 2 – Прилеп  36:39 (17:17)

Металург 2: Петковски, Обреновиќ, Матијашиќ 6, Лазаревски 4, Шулевски 1, Здравковски, Димитриоски 7, Гошевски, Стојменов, Шилегов11, Лембанов, Танкоски 7, Смилевски, Серафимов, Божиновски и Прцуловски.    Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 4 минути.

Прилеп: Трајковски, Тодоровски, Ѓоргиевски 2, Петкоски 9, Тренчевски 4, Спасевски 3, Куртановиќ, Тинтор 2, Орџоникидзе 2, Бозароски 6, Ивчески, Јанчев 11 и Нешкоски.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Стојан Николов од Скопје.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 1