Топ Вести

Металург денеска на мегдан со екипата на Охрид

24.08.2017 15:33
21103597_1576333845757198_859919819_o

Металург, кој е во финална фаза од подготовките за новата сезона, денеска го игра својот втор пријателски натпревар во Охрид. Нашиот денешен противник е токму екипата од овој град, а оваа средба ќе се игра во салата “Билјанини Извори, со почеток во 18 часот.

Нашиот тренер Лино Червар е задоволен од досегашниот тек на подготовките, во чии рамки утре се игра и последниот, трет, пријателски натпревар против тимот на Еурофарм Работник:

Задоволен сум од формата, играта и од борбеноста на екипата, која од тренинг во тренинг и од натпревар во натпревар го дефинира својот стил на игра. Момците вредно работат и се трудат секоја поставена цел и задача да ги одработат како што треба. Таа нивна волја, желба и посветеност ми дава надеж дека и сезонава ќе имаме тим со кој ќе можеме солидно да им парираме на нашите противници“, вели Червар.

Првиот официјален меч на Металург е на 2 септември со Вардар, во 1-то коло на Регионалната лига, во СЦ „Борис Трајковски“. Лигата на шампионите за Металург почнува на 16 септември, со дуелот со францускиот Монпелје, на гости, во меч од групата “Д“.

Прочитано 1 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 0