Топ Вести

Металург е финалист на четврт-финалната група 1 во Купот на Македонија

21.04.2017 20:55
99ии_DSC0001_resize

Металург обезбеди настап во финалето на четврт-финалната група 1 во Купот на Македонија, откако вечерва го совлада тимот на Тинекс Пролет со високи 36:18 (18:8).

Металург ја оправда улогата на апсолутен фаворит во мечот со Тинекс Пролет, бидејќи во текот на целата средба имаше целосна контрола на теренот и релативно лесно се пласираше во утрешното финале на четврт-финалната група 1 во Купот на Македонија.

Тинекс Пролет само во воведните неколку минути имаше резултатска рамноправност, за да веќе во 15. минута Металург создаде комотна предност од 6 гола, 4:10. До крајот на првото полувреме ги достигнавме максималните +10, 8:18, со кои двете екипи заминаа на одмор.

Иако во вториот дел Лино Червар комплетно ја смени поставата, предноста на Металург стануваше се повисока, што е резултат на големата разлика во квалитетот на двата тима. Тинекс Пролет немаше одговор на брзите контранапади на нашите крила, кои ја наполнија мрежата на Кимевски и на Коруновски. Свој допринос имаше и Мартин Томовски, кој денеска бранеше во сите 60 минути и кој зад своето име запиша 20 одбранети удари. Конечните +18 реално ги одразуваат случувањата на теренот, а во утрешното финале ќе играме против екипата на Прилеп, која во првото денешно полуфинале ја совлада екипата на Македонија Ѓ.П., со резултат 43:38.

По повеќемесечно отсуство поради повреда, денеска во тимот на Металург се појави левото крило Мартин Марчец, кој постигна и два гола.

Тинекс Пролет – Металург 18:36 (8:18)

Тинекс Пролет: Кимевски, Коруновски, Ф.Василевски 2, А.Василевски 1, Ролевски 1, Аларов, Николовски 2, Лефковски, Мајнов 3, Лубевски, К.Василевски, Огњановски 2, Џонов 1, Дамчевски, Андоновски 5 и Стојановски 1.   Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 8 минути.

Металург: Томовски, Арсиќ, Петров, Дрогришки 1, Младеновиќ 1, Костески 5, Вејин 5, Обрадовиќ 5, Кузмановски 3, Печенковски, Нелоски 4, Пешевски 2, Палевски 6, Марчец 2, Јусефинеџад 2 и Арсеновски.   Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 4.342 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14