Топ Вести

Металург е кадетски шампион на Македонија

24.04.2016 21:39
_DSC0038_resize

Натпревар за паметење одиграа кадетите на Металург и на Вардар во финалето на фајналфорот во кадетска конкуренција. Навистина беше неверојатно да се гледа овој натпревар, кој потсети на големото ривалство меѓу двата клуба, и кој ги воодушеви гледачите кои вечерва, по подолго време, ја исполнија Автокоманда до последното место.

Металург многу помотивирано влезе во овој натпревар и првото полувреме без никакво сомнение мина во целосна доминација на нашите ракометари, кои во повеќе наврати водеа со максималните три гола разлика, а испуштија и неколку напади и за предност од четири гола. Во овој дел од играта Вардар успеа само да израмни на 1:1, а потоа постојано ја бркаше нашата предност. Првото полувреме го добивме со два гола предност, 12:10.

Работите во корен се променија во вториот дел. Вардар заигра добро и искористи неколку наши грешки, па успеа најпрво да израмни, 12:12, а потоа и да поведе, првпат на средбата, 12:13, во 34. минута. Вардар водеше во текот на следните шест минути, последен пат со 15:16, а потоа Металург се врати во игра, ги стегна своите редови, ја подобри одбраната, која киксираше во првите десетина минути од второто полувреме, и повторно го презеде водството при 17:16, во 42. минута. Металург поведе и повеќе не го испушти своето водство. Нашите ракометари беа најдобри тогаш кога беше и најпотребно, па не ги поремети и максималниот пресинг, кој го примени Вардар во последните две минути од средбата.

Во секој случај, гледавме фантастичен натпревар, во кој видовме сѐ што го краси ракометот како спорт.

Металург заслужено го освои шампионскиот пехар.

Браво момци!

За најдобар стрелец на фајналфорот е прогласен нашиот Мартин Серафимов, кој вкупно постигна 20 гола, а истиот ракометар е прогласен и за МВП на завршниот турнир.

Металург – Вардар Јуниор  26:23 (12:10)

Металург: Тодоров, Трајковски, Анѓеловски 5, Меловски 4, Кофиловски 2, Новокмет, Марко Божиновски, Максимовиќ, Мартин Божиновски, Митиќ 3, Радевски, Ристовски 2, Василевски, Серафимов 10, Димитров и Ников.    Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 6 минути.

Вардар Јуниор: Косевски 6, Антевски 3, Нанов 2, Николовски, Кизиќ, Карапалевски 9, Благопетров, Биковски, Брунчевиќ, Динев, Атанасовски 3, Ангелковски, Тевдовски, Гроздановски, Мајсторовски и Стојановски.   Седмерци: 5/.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 1.524 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 9