Топ Вести

Металург е носител на група при извлекување на ждрепката за групите “Ц“ и “Д“

26.06.2017 21:13
10380249_10152342524813666_6031230007550099723_o_resize

ЕХФ ги објави носителите и шеширите за ждрепката за групната фаза што ќе се влечи на 30 јуни во Љубљана. Металург доби уште едно признание, бидејќи, заедно со Адемар Леон, е одреден за носител и ќе биде извлечен од првиот шешир.

 

Изгледот на шеширите за групите “Ц“ и “Д“ е ваков:

Шешир 1: Металург и Адемар Леон

Шешир 2: Скјерн и Мотор Запорожје

Шешир 3: Горење Велење и Монпелје

Шешир 4: Кадетен Шафхаузен и Бешикташ

Шешир 5: Чеховски Медведи и Динамо Букурешт

Шешир 6: Елверум и Квалификант

 

Познат е и изгледот на шеширите за групите “А“ и “Б“:

Шешир 1: Веспрем и Барселона

Шешир 2: Вардар и Киелце

Шешир 3: ПСЖ и Р.Н.Левен

Шешир 4: Загреб и Алборг

Шешир 5: Брест Мешков и Висла Плоцк

Шешир 6: Цеље ПЛ и Пик Сегед

Шешир 7: Кристијанштад и Фленсбург

Шешир 8: Нант и Кил

 

Македонскиот шампион, Вардар, веќе сега знае еден од своите противници во групната фаза. Тоа е екипата на Висла Плоцк, бидејќи во групната фаза не е можно во иста група да се сретнат клубови од иста земја. Вардар не може да биде во иста група со Киелце, но затоа ќе биде со Висла Плоцк.

Прочитано 6.580 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 + = 16