Топ Вести

Металург ги почна подготовките

03.08.2017 17:21
AND_9727_resize

Металург денеска ги почна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Првата прозивка на играчите ја направија помошниците на Лино Червар, Ацо Јовиќ и Петар Мисовски, а главниот стратег на тимот ќе се приклучи утре пред поаѓањето за Маврово.

На првиот тренинг беше присутен комплетниот ростер на Металург заедно со новите интернационални и домашни засилувања, левиот бек Јануш Лапајне, десното крило Анте Токиќ, средните бекови Лука Стојановиќ и Божо Анѓелиќ, Мице Шилегов, Димитар Димитриоски, Милан Лазаревски, Марио Танкоски и Мартин Серафимов како освежување на тимот од подмладокот на Металург 2, и повратиците во тимот Никола Даниловски, кој беше позајмен во Пелистер, и Дарко Димитровски кој дојде од Борец. На прозивката не беше присутен репрезентативниот бек Марко Нелоски, кој има слобода да си најде нов клуб.

Металург во Маврово ќе одработи седумдневни подготовки после кои следува првата контролка на турнирот во Струга од 12 до 15 август.

 

Новите засилувања на Металург:

AND_9756_resize_resize

Металург го засилија четворица интернационалци:

AND_9763_resize_resize

 

Хрватот Анте Токиќ, Србинот Лука Стојановиќ, Словенецот Јануш Лапајне и Црногорецот Божо Анѓелиќ

Прочитано 1.244 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 6 =