Топ Вести

Металург ги прокнижи првите бодови во Лигата на шампионите

30.09.2017 20:09
GIL_8897_resize

Иако настапи со најмладиот состав во досегашниот тек на сезоната, Металург прикажа одлична игра и го совлада Спортинг Лисабон, за прва радост на бројните навивачи.

За разлика од средбата со Бешикташ, Металург денеска одигра зрело и не му даде никаква шанса на солидниот противник. Нашите млади ракометари покажаа дека се способни да ја надминат резултатската криза во која влегоа со поразите против Војводина и против Бешикташ.

Почетокот мина во израмнета борба, во која двата тима се менуваа во водството. Но, така беше се до 12. минута, кога, при резултат 7:7, Металург го превзеде водството и не го испушти до крајот на натпреварот. Иако Спортинг вложи многу напор и повремено се доближуваше до резултатот на Металург, првото полувреме го добивме со разлика од четири гола.

Оваа разлика, со мали исклучоци, ја одржувавме се до 52. минута, кога Металург влезе во мала криза. Нашите напаѓачи во серија промашија дури четири зицери, што му даде можност на португалскиот шампион да дојде на растојание од само еден гол зад нашиот резултат. Сепак, драматичната завршница му припадна на нашиот тим, кој славеше минимална, но сосема заслужена победа.

Металург – Спортинг Лисабон  28:27 (17:13)

Металург: Арсиќ (12 одбрани), Даниловски, Анџелиќ 4, Арсеновски, Димитриевски, Дрогришки, Илиќ 3, Јагањац 4, Кузмановски 6, Палевски 5, Пешевски 2, Серафимов, Шилегов, Танкоски, Токиќ 2 и Велковски 2.   Седмерци: 5/5.     Исклучувања: 4 минути.

Спортинг: Араујо 3, Бјелановиќ, Боргес, Божовиќ, Карнеиро 6, Карол Марзо 3, Чудиќ, Б.Гаспар, М.Гаспар, Копчо 3, Никчевиќ 4, Портела 1, Роча, Руезга, Таварес 3 и Виетија Валдез 4.   Седмерци: 3/3.     Исклучувања: 12 минути.

Прочитано 785 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 3 = 12