Топ Вести

Металург го надигра Нексе

10.09.2017 20:57
GIL_6960_resize_resize

Металург вечерва извојува убедлива победа во натпреварот против екипата на Нексе, актуелниот вицешампион на Хрватска. Нексе, кој со години е незгоден противник за нашиот тим, овој пат беше лесен плен за разиграните ракометари на Металург.

Денеска рамноправно се играше само на почетокот на средбата, кога Нексе го забележа и единственото водство, 1:2. Така беше се до 12. минута, кога, при резултат 5:5, Металург направи серија од дури 5:0 и поведе со убедливи 10:5. Иако Нексе успеа да врати со своја серија од 3:0, Металург не ја испушти својата предност се до крајот на натпреварот. Првото полувреме заврши со резултат 15:10, во наша полза.

Почетокот на вториот дел и припадна на екипата на Нексе, која во првите седум минути постигна четири, а прими само еден гол, па резултатски се доближи на само два гола, 16:14. Но, тоа беше се што гостинскиот тим го направи на денешната средба. Металург се разигра и набрзо целосно го разби противникот, па во 46. минута ја стекнавме највисоката предност од осум гола, 24:16. Крајот на средбата го дочекавме со резултат 29:22.

Металург го преболи поразот против Вардар, од првото коло, и нанижа две победи во следните две кола.

Во следното, четврто, коло, Металург и гостува на екипата на Војводина, а овој натпревар се игра на 20 септември, со почеток во 17.45 часот.

 

Металург – Нексе  29:22 (15:10)

Металург: Арсиќ (9 одбрани), Томовски, Петров 2, Дрогришки, Јагањац, Лапајне, Токиќ 1, Кузмановски 1, Илиќ 6, Анџелиќ 5, Велковски 3, Пешевски 6, Палевски 1, Гуглета 4, Димитриевски и Арсеновски.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 6 минути.

Нексе: Лелиќ (2 одбрани), Филиповиќ (6 одбрани), Шипиќ 4, Концул, Лебан 3, Етер, Зрниќ 3, Јаман 4, Мичевиќ 2, Сршен, Бувиниќ 2, Јелиниќ 2, Ротим, Лавриќ 2 и Боланча.    Седмерци: 0/2.   Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 110 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 3