Топ Вести

Металург го надигра Охрид во малото финале на турнирот во Струга

15.08.2017 22:14
_DSC0068_resize

Металург  како третопласиран го заврши својот настап на 45-тото издание на меѓународниот турнир во Струга. Во малото финале нашите ракометари беа подобри од Охрид и славеа со резултат 33:28 (15:15).

Металург беше подобар противник во текот на целата средба и уште во првите минути создаде разлика од три гола, која ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Охрид ја искористи својата единствена шанса и ретките грешки на нашиот тим и на дваесетина секунди до крајот на првиот дел го забележа своето единствено водство 14:15. Сепак, првите триесет минути завршија со нерешени 15:15.

Во второто полувреме нашите ракометари уште повеќе ја зацврстија одбраната, предводена од денес извонредниот Арсиќ, а во нападот реализираа преку брзите контри на нашите крила, па по десетина минути игра веќе водеа и со шест гола предност. Високото водство како да ги задоволи нашите ракометари, па следуваа неколку последователни грешки и брзи реализации на ракометарите на Охрид, кои во 50. минута намалија на само еден гол разлика, 26:25.

Сепак, пресуди квалитетот на Металург, кој во наредните десетина минути серозно и пристапи на играта и повторно создаде комотна разлика од пет гола, со која заврши оваа интересна средба.

Куриозитет на средбата се четирите гола постигнати од голманот на Охрид Благојче Трајкоски, кој ја погодуваше празната мрежа на Металург.

За најдобар играч на Металург е прогласен Жарко Пешевски.

Охрид – Металург  28:33 (15:15)

Охрид: Трајкоски 4, Стојаноски, Ристески, К.Андоноски 6, Иваноски, Младеновски 2, Блажески 1, Костов, Дервиш, Димитриески 5, Спасовски, Тасески, Кобетиќ 3, Андоноски, Адамовиќ 2 и Кљајиќ 5.   Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 2 минути.

Металург: Арсиќ, Даниловски, Петров 1, Дрогришки, Лапајне, Токиќ 4, Шилегов 2, Танкоски, Кузмановски 3, Илиќ 6, Анџелиќ 7, Велковски 2, Пешевски 5, Палевски 3, Димитријевски и Арсеновски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.582 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5