Топ Вести

Металург го надигра тимот на Динамо во Панчево

06.09.2017 21:54
IMG_79910_original_resize

Металург вечерва комплетно го надигра тимот на Динамо од Панчево, кого го совлада со резултат 25:20 (16:9).

Нашите ракометари одиграа според барањата на тренерот Лино Червар и максимално ги намалија техничките грешки, кои на минатата средба со Вардар не одведоа до убедлив пораз. Всушност, Металург одигра перфектно прво полувреме, со одлична игра во одбраната и со реализација од над 80 % во нападот. Средбата беше решена веќе по првите 12 минути, кога со голот на Велковски поведовме со неверојатни 8:0. Домашните ракометари првата успешна реализација ја имаа дури во 13. минута. Во таква ситуација нашите ракометари со рутинирана игра го привршија првото полувреме и на одмор заминаа со предност од 7 гола.

На почетокот од вториот дел ракометарите на Динамо заиграа поангажирано и ја намалија нашата предност на само 5 гола, најпрво при 9:14, а потоа и при 11:16. Но, Металург повторно ја консолидираше одбраната, Арсиќ повторно фати неколку топки во серија, па набрзо дојдовме и до денес максималните +10, во 52. минута, 14:24.

Откако виде дека победата е сигурна, Лино Червар ја повлече комплетната прва постава и во игра ги стави нашите млади ракометари. Тоа го искористи противникот и до крајот успеа да ја преполови нашата највисока предност. Средбата заврши со резултат 20:25, па Металург ги запиша првите три бода во новата сезона.

 

Динамо Панчево – Металург  20:25 (9:16)

Динамо Панчево: Петровиќ (5 одбрани) 1, Радовановиќ (3 одбрани), Жујовиќ, Пилиповиќ, Буњевчевиќ 4, Радановиќ, Стојановиќ 5, Јелиќ 3, Мирковиќ 3, Јовановиќ, Дистол, Терзиќ, Баруџиќ 1, Славуљица 1, Бандука 1 и Шапоњиќ 1.   Седмерци: 0/1.    Исклучувања: 4 минути.

Металург: Арсиќ (14 одбрани), Даниловски (1 одбрана), Петров, Дрогришки, Јагањац, Лапајне 1, Токиќ 4, Шилегов 3, Танкоски, Кузмановски 3, Илиќ 3, Анџелиќ 5, Велковски 1, Пешевски 5, Палевски  и Димитриевски.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 4 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 4 =