Топ Вести

МЕТАЛУРГ ГО НАДИГРА ТИМОТ НА ПРОЛЕТ

15.11.2015 00:18
555555555jpg_resize

za tekst

Во својот осми настап во македонската ВИП Суперлига, Металург дојде до осмата победа, овој пат против екипата на Пролет, со резултат 27:18 (11:6).

Не постоеше никакво сомнение кому ќе му припаднат бодовите од денешната средба, бидејќи Металург е многу покомплетен и поквалитетен тим од нашите гости.

Сепак, во првите десетина минути се водеше рамноправна борба, а нашата предност варираше меѓу еден и два гола. Така беше до 4:4, а потоа се дојде на свое место. Металург направи серија од 4:0 и од тој момент единствено непознато беше со колкава разлика ќе заминат гостите од Автокоманда. На полувреме имавме предност од 5 гола, 11:6.

Ништо не се измени ниту во второто полувреме, а Металург рутинирано ја доведе средбата до крајот.

Металург – Пролет  27:18 (11:6)

Металург: Дупјачанец, А.Пешевски, Петров, Мраковчиќ 1, Костески 8, Матиќ 1, Шпилер 1, Бувиниќ 2, Матијашиќ, Кузмановски 2, Кукоски, Крстевски 2, Талески 4, Велковски 2, Ж.Пешевски 1 и Палевски 3.    Седмерци: 3/6.    Исклучувања: 6 минути.

Пролет: Кимевски, Кристо, Николовски, Лефковски 1, Апостоловски, Мајнов 1, Јовановски 1, Трајковски 3, Тунтевски, Дамчевски 2, Трајчевски 1, Крстевски 1, Стојановски 6, Џонов 1 и Огњановски 1.     Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 2 минути.      Црвен картон: Џонов во 22. минута.

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје.

Делегат: Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 969 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 9 =