Топ Вести

Металург го “скроти“ Борец во второто полувреме

27.05.2017 20:35
2705201722_DSC0024_resize

Во претпоследното коло од плејофот на македонското првенство во Автокоманда гостуваше тимот на Борец, кој во претходните осум кола не успеа да освои ниту еден бод.

Иако се очекуваше лесна и убедлива победа на нашите ракометари и нивна доминација во текот на целата средба, во првите 30 минути истата доби сосема неочекуван тек. Металург играше лошо во нападот и уште полошо во одбраната, додека гостинските ракометари беа непогрешни пред голот на Томовски. Помалку чудни бројки стоеја на семафорот во 17. минута од средбата, кога беше 4:9 во полза на Борец. Иако Металург заигра посериозно и навали на голот на денес одличниот Блажевски, до крајот на првото полувреме успеавме само да ја намалиме негативата и овој дел го загубивме со разлика од три гола, 12:15.

Второто полувреме го одигра еден сосема друг Металург, кој на самиот старт направи серија од 4:0 и во 34. минута го презеде водството. Иако Борец уште некое време се обидуваше да се врати во игра, натпреварот за тимот од Велес беше дефинитивно загубен. Како што минуваше времето, Металург стануваше се подобар, а Борец се побавен. Во последните десетина минути гостите претрпеа вистински бродолом, а конечната разлика е 13 гола во полза на тимот на Лино Червар.

 

Металург – Борец  37:24 (12:15)

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров 2, Дрогришки, Младеновиќ, Костески 10, Вејин, Обрадовиќ 3, Кузмановски 6, Илиќ 6, Печенковски, Велковски, Пешевски 2, Палевски4, Марчец 3 и Арсеновски 1.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 2 минути.

Борец: Блажески, Димовски, Крстевски 1, Петровски, Зафиров, Димитриевски 7, Органџиев 2, Павловски 5, Солев, Ордев 7, Илиев, Игнов 1, Трајковски, Андовски 1 и Давитковски.   Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје.

Делегат: Драган Начевски од Скопје.

Прочитано 3.637 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 10