Топ Вести

Металург го совлада и Охрид

24.08.2017 22:37
21122837_1576945485696034_1586795751_o_resize

Металург, во склопот на завршните подготовки во Охрид, вечерва го одигра својот втор пријателски натпревар, овој пат против составот на Охрид, кој го совлада со резултат 31:27 (17:14).

Средбата мина во израмнета борба, но сепак нашиот тим беше за нијанса подобар и поуспешен. Металург својата основна предност ја стекна во првите 30 минути, која потоа ја задржа со рутинска игра во вториот дел.

Ова е втора победа на Металург на средбите против тимот на Охрид, откако нашиот денешен противник го совладавме и на турнирот во Струга пред десетина дена.

Најдобри поединци во нашиот тим беа Токиќ, кој постигна седум гола, и Кузмановски и Анџелик, кој погодија по шест пати.

Во рамките на подготовките во Охрид, утре Металург ќе го одигра и својот последен пријателски натпревар – со екипата на Еурофарм Работник.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 8 = 16