Топ Вести

Металург го совлада Пелистер

14.05.2017 20:26
_DSC0042_resize

Во седмото коло од македонската Суперлига во Автокоманда гостуваше битолски Пелистер, предводен од својот нов тренер Стевче Алушовски.

Оваа средба, значајна за нашиот тим, мина во знакот на Металург, кој водеше во текот на сите 60 минути. Металург имаше одличен старт и на самиот почеток поведе со 5:1 и 6:2. Иако Пелистер се обиде да врати во игра и на моменти се доближуваше на растојание од два, три гола, сепак полувремето заврши токму со разлика од четири гола во наша полза.

Металург рутински го одигра и вториот дел во кој во неколку наврати имаше и максимални +7. Впечаток е дека Металург одигра онолку колку што беше потребно за комотна победа и три нови бода, со кои и понатаму сме во чекор со екипата на Вардар, која немаше проблем високо да го порази тимот на Еурофарм Работник.

До крајот на првенството Металург ќе одигра уште три средби, на гости со Еурофарм Работник и со Охрид, и дома со екипата на Борец.

 

Металург – Пелистер  31:25 (15:11)

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров 1, Дрогришки, Младеновиќ, Костески 5, Вејин, Обрадовиќ 1, Кузмановски 5, Илиќ 3, Велковски 1, Пешевски 4, Марчец 9, Јусефинеџад, Гуглета и Арсеновски 2.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 0 минути.

Пелистер: Даниловски, Вешовски 1, Бој.Маџовски 3, Борј.Маџовски 2, Рајатовски, Чантурија 5, Димитровски 5, Вујачиќ 1, Маркудов, Колев, Митревски, Тасески 2, Ивановски, Павловиќ 1, Николиќ 2 и Везенковски 3.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 2.596 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 15