Топ Вести

Металург “го среди“ и Еурофарм Работник

26.08.2017 13:20
14082017_DSC0037_resize

Металург ги привршува подготовките во Охрид, во чии рамки одигра и три пријателски средби. Најпрво беше совладан тимот на Пелистер (33:23), а потоа и екипата на Охрид (31:27), додека, пак, денеска нашите ракометари извојуваа победа против Еуфарм Работник, кого го совладаа со резултат 28:23 (15:8).

Денешната средба мина во доминација на Металург, кој имаше целосна контрола врз натпреварот во сите 60 минути. Уште во првото полувреме стекнавме недостижна предност од седум гола разлика, која потоа рутински ја одбранивме.

Најдобар во нашите редови беше Божо Ангелиќ, кој постигна дури 12 голови, додека Лапајне и Гуглета додадоа по три.

Металург веќе утре се враќа во Скопје, каде што ќе продолжи со тренинзи.

Нашиот прв официјален натпревар во новата сезона се игра на 2 септември, кога играме со Вардар во рамките на 1. коло на СЕХА-лигата.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 5 =