Топ Вести

МЕТАЛУРГ – ГРАНОЉЕРС, ДУЕЛ ОД 1/8 ФИНАЛЕ НА КУПОТ НА ЕХФ ВО 2008 ГОДИНА

29.04.2012 17:59
22D05358E342B740815346032C67DA9E

Сезоната 2007/8, засега, е една од двете наши најуспешни сезони во европските натпреварувања. Тогаш, стигнавме до 1/4 финале во ЕХФ Купот.

Стартувавме од 2-то коло во кое го совладавме кипарскиот претставник Страволос. По изненадувачкиот пораз во Никозија (21:26), забележавме висока победа во Скопје (31:18) и се изборивме за 3-тото коло и дуел со Савехов од Шведска. За многумина, во Европа, изненадувачки, извојувавме победи во двете средби. Во Скопје, победивме со 29:26, а на гости со 27:25. Обезбедивме историски пласман во 1/8 финале, а таму моравме да се соочиме со шпанскиот тим Гранољерс.

Првата средба се одигра во Скопје, на 09.02.2008 година. Победивме со само 3 гола разлика, 29:26, и, со немир во срцата, отпатувавме во Гранољерс, на 17.02.2008 год. Во Шпанија, Металург одигра прекрасен натпревар, и, покрај тоа што ја загуби средбата со резултат 27:25, се пласира во 1/4 финале.

Тие денови, Металург, почна да ги придобива срцата на македонските љубители на ракометот. На интернет, наидовме на бројни коментари, по повод овој дуел и еве дел од нив:

Браво дечки, браво од се СРЦЕ!
Ми го разубавија денот ракометарите на Металург!
Искрени честитки и успех понатаму во ЕХФ купот

———–

Не очекував дека Металург може да помине, ама пројде!
И мене ми го разубави денот ваквата позитивна вест!

———–

Алал нека им е
само нека се множат успесите

———–

Браво Металург.Добро е барем некој имаме во Европа што не претставува како што треба.Браво момци нека ви се множат успесите!!!

———–

Поминаа години, и Металург е пред нови искушенија. Но, сега армија навивачи го следи нашиот клуб и ги полни салите во кои настапуваме.

Прочитано 395 пати

(1) Коментар

  1. METALURG SE SAMPIONI

Напишете коментар


7 + 9 =