Топ Вести

Металург и оваа сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите

24.06.2017 21:11
ResourceImage.aspx

Металург и оваа сезона ќе биде дел од Лигата на шампионите, осми пат во својата историја, а шести пат едноподруго.

ЕХФ ја прифати нашата апликација, откако стана јасно дека Металург ги исполнува сите 8 поставени услови за учество, а имено: сала, тв-пренос, рејтинг во националната лига, посетеност, претходни настапи во Лигата на шампионите, спонзорскиот потенциал, исполнување на обврските и почитување на правилата на Лигата, како и достап до средствата за масовна информација. Иако тоа не беше поставено како услов, ЕХФ секако го ценеше и квалитетот на екипите апликанти, односно ценеше дали екипите имаат доволно квалитет во своите состави за настап во Лигата на шампионите.

Металург повторно ќе биде дел од групите “Ц“ или “Д“, а покрај нашиот клуб вајлд-карти добија и: Кил (Германија), Висла Плоцк (Полска), Нант (Франција), Адемар Леон (Шпанија), Монпелје (Франција), Скјерн (Данска) и Горење Велење (Словенија).

Во групите “А“ и “Б“ ќе настапат: Веспрем, Р.Н.Левен, Вардар, Киелце, ПСЖ, Кил, Фленсбург, Загреб, Нант, Барселона, Висла Плоцк, Кристијанштад, Алборг, Пик Сегед, Цеље ПЛ и Брест Мешков.

Во групите “Ц“ и “Д“ ќе играат: Адемар Леон, Металург, Скјерн, Монпелје, Кадетен Шафхаузен, Мотор Запорожје, Бешикташ, Горење Велење, Елверум, Чеховски Медведи, Динамо Букурешт и квалификант.

Квалификант ќе биде победникот на квалификацискиот турнир со учество на: Спортинг Лисабон, Татран Прешов, Кокс и Алпла Хард.

Извлекувањето на групите ќе се изврши на 30 јуни во Љубљана.

Прочитано 8.002 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 8 =