Топ Вести

Металург и Вардар го ставија другарството пред ривалството

06.06.2017 17:39
_DSC0002_resize

Ракометарите на Металург 2 и на Вардар 2 го ставија настрана клупското ривалство за да изразат поддршка за нивниот колега Кристијан Лазов, кој моментно се опоравува по сообраќајна незгода која се случи во саботата.

Лазов е играч на Вардар, а претходно беше и член Металург.

Пред почетокот на бараж-натпреварот играчите на двата тима заедно истакнаа транспарент на кој пишуваше „издржи Лазов, со тебе сме сите!“.

_DSC0008_resize

Прочитано 34 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =