Топ Вести

Металург и Вардар ќе се соочат уште во полуфиналето на Купот на Македонија

11.05.2017 21:14
FLP_3050-2_resize

Денешната ждрепка што беше извршена во просториите на РФМ ги даде полуфиналните двојки во Купот на Македонија. Ждрепката сакаше главните фаворити, Металург и Вардар, да се соочат уште во полуфиналето на Купот на Македонија, додека вториот финалист ќе го даде дуелот меѓу екипите на Еурофарм Работник и на Охрид.

Фајналфор-турнирот од Купот на Македонија ќе се одржи во Битола на 20 и 21 мај, а коорганизатори се РФМ и Еурофарм Работник.

Што се однесува до женскиот Куп на Македонија, завршниот турнир ќе се одигра во Скопје на 19 и 20 мај, а домаќин ќе биде Металург. Во полуфиналето ќе се сретнат Вардар со Гевгелија и Металург со Прилеп.

Прочитано 2.336 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 7