Топ Вести

МЕТАЛУРГ ЈА ЗАГУБИ ФИНАЛНАТА СРЕДБА ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

15.05.2016 20:48
Kup DSC0239_resize-610x219

Вардар победи со се чини превисоки седум гола разлика, бидејќи Металург во голем дел од натпреварот беше рамноправен противник, а во првите десетина минути и подобар. Сепак, квалитетот во составот на нашиот противник набрзо дојде до израз и веќе во 19. минута Вардар водеше со шест гола разлика, 7:13. Од тој момент, па се до крајот на средбата се водеше рамноправна борба, во која Вардар вгради уште само еден гол разлика. Металург постојано се обидуваше да го нападне резултатот на противникот, а при крајот на првиот дел и успеа да се доближи на само два гола негатива, но немаше сили за целосен пресврт.

И второто полувреме протече во слична игра. Вардар во два-три наврати се искачи на максималните +8 гола, а Металург, пак, постојано се обидуваше да ја намали разликата. Во пресудните моменти промашивме десетина сигурни ситуации, особено од крилните позиции, што Вардар знаеше на крајот и да го казни.

Вардар заслужено дојде до својата 11-та титула во Купот, но Металург покажа дека е единствената екипа која може посериозно да му се спротивстави на шампионот.

Алем Тоскиќ од Вардар беше избран за МВП на завршниот турнир, нашиот Филип Талески, со вкупно 11 гола беше избран за најдобар стрелец на фајналфорот, а за најдобар голман е избран Арпад Штербик.

Металург – Вардар  24:31 (12:16)

Металург: Дупјачанец (9 одбрани), Томовски (5 одбрани), Петров 1, Мраковчиќ, Маџовски, Божовиќ 4, Костески 1, Матиќ 6, Вујовиќ 4, Бувиниќ 2, Кузмановски, Јагуриновски, Кукоски, Талески 3, Пешевски 2, Палевски 1.

Вардар: Штербик, Ангелов, Стоилов 1, Тоскиќ 4, Манасков 7, Македа 3, Карачиќ, Душебаев 6, Лазаров, Циндриќ 2, Дибиров 4, Горбок 3, Шишкарев 1, Марсениќ.

Прочитано 1.772 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2