Топ Вести

Металург ја збогати библиотеката во Нашице со 360 нови книги

17.12.2017 14:41
25530782_10212683364451823_1388900062_o

Пред денешната средба со екипата на Нексе, Металург и донираше 360 книги на градската библиотека во Нашице, со што ја зголеми понудата на дела на македонски јазик во оваа библиотека, каде постои читателско катче наменето за бројните Македонци кои живеат во овој град.

Дел од книгите се дела на македонски автори, а дел се македонски преводи на светски бестселери. Книгите се собрани од ракометарите на Металург, но и со огромна помош на директорот на Академија Металург Тони Ристески.

За подарените книги, Металург доби плакета и благодарница.

Фото:

Прочитано 292 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 3 =