Топ Вести

МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ГИ ПОДЕЛИ БОДОВИТЕ СО РАБОТНИЧКИ

28.05.2015 21:34
_DSC0068_resize

za tekst

Во рамките на 8. коло од плејаут фазата, вечерва во Автокоманда се одигра средбата меѓу екипите на Металург 2 и на Работнички. По жестока и израмнета борба овој натпревар заврши со поделба на бодовите, 27:27 (14:14).

Видовме навистина интересен натпревар во кој Работнички беше тимот кој го имаше водството, но Металург 2 му беше постојано зад петици.

Најитересни беа последните неколку секунди од средбата, кога, при водство на гостинскиот тим со 27:26, нашиот голман Даниловски скроти еден удар и го пронајде Давитковски, кој буквално во последната секунда го израмни резултатот, постигнувајки го својот 11-ти гол.

Металург 2 – Работнички 27:27 (14:14)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Петрески, Бошковски 1, Крстановски 2, Гошевски, Гроздановски, Пешевски, Велковски 5, Маркудов 3, Давитковски 11, Матијашиќ 1, Секоски и Палески 4.      Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 6 минути.

Работнички: Трајковски, Стефановски 1, А.Василевски 8, Колевски 1, Долевски, Калановски, Николовски 2, Ивановски, Нацев, Мачалов 4, Садиковиќ, Ѓоргески, Димовски 4, Ѓуроски 5, Спасовски и Ф.Василевски 2.       Седмерци: 2/4.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Кркачев Сашо и Колевски Ѓоко од Скопје.

Делегат: Аце Николовски од Скопје.

Прочитано 511 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


1 + 9 =