Топ Вести

MEТАЛУРГ КАТАСТРОФАЛНО ГО ПОРАЗИ ВАРДАР ЈУНИОР

23.09.2015 19:06
MJI_2956_resize

za tekst

Металург ја мина првата пречка во првенството на Македонија. Првиот противник, екипата на Вардар Јуниор, катастрофално го поразивме на негов терен, со резултат 34:20 (18:10).

Само во првите неколку минути Вардар Јуниор беше рамноправен партнер, па поведе со 1:0 и 2:1, се потоа беше во знакот на Металург. Имавме целосна контрола врз играта и резултатот, имавме одлична реализација во нападот и организирана и цврста одбрана, на чело со несовладливиот Дупјачанец, кој одбрани 13 удари и еден седмерец. Веќе на крајот од првото полувреме стана јасно дека бодовите ќе заминат во Автокоманда, единствено не беше позната разликата со која ќе го завршиме натпреварот. Овој дел од играта го добивме со резултат 18:10.

Во второто полувреме продолживме со константниот притисок врз противничкиот гол, што резултираше со конечни +14, 34:20.

Одлична игра на нашите ракометари, меѓу кои сепак се издвоија Костески, со 6 гола, и Петров и Божовиќ, со по 5. Одлична партија и на нашиот голмански двоец, кој собра вкупно 20 одбрани.

Вардар Јуниор – Металург  20:34 (10:18)

Вардар Јуниор: Чаневски, Спасовски, Василевски 2, Недановки 3, Тренчевски 2, Чурлевски 4, Ангелов, Ивановски, Јовчевски 3, Андовски 4, Симиќ, Ристов, Манасков, Поповски 1, Вујачиќ и Давитковски 1.    Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 6 минути.

Металург: Дупјачанец (13 одбрани + седмерец), А.Пешевски (6 одбрани), Петров 5, Мраковчиќ 4, Маџовски 4, Божовиќ 5, Костески 6, Матиќ 1, Бувиниќ 3, Матијашиќ 1, Кукоски 1, Крстевски, Талески 3, Велковски 1, Ж.Пешевски и Палевски.    Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 4 минути.

Судии: Начевски Ѓорѓи и Николов Славе од Скопје.

Делегат: Николовски Ацо од Скопје.

Прочитано 3.401 пати

(1) Коментар

  1. Bravo odlicen natprevar

Напишете коментар


+ 6 = 7