Топ Вести

МЕТАЛУРГ НЕ ДОЗВОЛИ ИЗНЕНАДУВАЊЕ, ПРВИТЕ БОДОВИ ЛЕГНАА НА НАШЕТО КОНТО

26.09.2015 22:52
MJI_45610_resize

za tekst

Металург вечерва го одигра најдобриот натревар во последните неколку месеци и го надигра својот конкурент од Швајцарија. Лино Червар, пак, го одржа својот збор, кога рече дека Металург ќе игра се подобро, а од своите ракометари тој го доби најдобриот роденденски поклон – првата победа во новата сезона на Лигата на шампионите и првите бодови на контото на клубот.

Фантастичен натпревар одиграа нашите момци денеска. Беа толку надмоќни што не му дозволија на својот противник, со многугодишен стаж во Лигата на шампионите, да се радува и на едно обично израмнување на резултатот. Водевме од првата, па се до последната минута. Многу брзо стигнавме до позитива од четири гола, првпат во 9. минута, 5:1, и со таа разлика најчесто водевме на натпреварот.

Бевме несовладливи во одбраната, исклучително ефикасни во нападот, и, што е најважно, направивме многу малку технички грешки.  Нашиот млад и неискусен тим денеска изгледаше како со години да настапува во најсилната лига на светот и ниту во еден момент не дозволивме да не фати криза.

Даниел Дупљачанец фати само десет топки, но ги фати во најпотребниот момент, кога противникот ги вложуваше последните сили за да го врати резултатот. Јанко Божовиќ, и покрај тоа што во текот на целата средба играше со фластер пред себе, и денеска нанижа осум гола. Одлични помошници имаше во Мраковчиќ, кој со својата игра се повеќе потсеќа на нашиот идол Филип Миркуловски, и во Маџовски.

Нашата игра наиде на одобрување кај нашите навивачи, кои со голем аплауз и на ноги го дочекаа крајот од овој незаборавен натпревар.

Веќе наредната сабота, во исто време и на исто место, ќе ја дочекаме екипата на Елверум. Ако одиграме на денешното ниво, втората победа ќе ни биде на дофат на раката.

Металург – Кадетен Шафхаузен  28:24 (15:11)

Металург: Дупљачанец (10 одбрани), Вуковиќ, Божовиќ 8, Бувиниќ 1, Костески 2, Крстевски, Кукоски, Кузмановски 1, Маџовски 4, Матиќ 3, Мраковчиќ 5, Палевски, Ж.Пешевски 3, Петров, Талески 1 и Велковски.

Прочитано 2.447 пати

(5) Коментари

  1. BRAVO plavo bela boja METALURG

  2. Браво, докажавте дека со право ЕХФ ве сврсти дирекно во групна фаза од ЛШ. Продолжете и понатаму со иста жар да работите и верувајте во себе. Не плашете се од никого, поготово од посилните. Покажете дрскост и храброст во нападот, но истовремено покажете и мудрост за која знам дека ја имате. Во одбрана само цврсто и координирано без непотребни излетувања. Во ниту еден миг и во било која фаза од играта како и при било каков резултат, без разлика дали нападот оди тешко и нема реализација, нема потреба да ве фаќа паника, напротив, зацврстете ја уште повеќе одбраната бидејќи ако не реализирате тогаш сите сили треба да се насочат кон одбрана и полека ќе се вратите во игра. Не плашете се да ја забрзате играта доколку позициониот напад не функционира. Слободно растрчајте се по теренот, но сето тоа координирано и без предолги топки кои можат да бидат лесно пресечени. Искрено, треба да поработите на прецизноста во проигрувањето при контри поготово на подолгите топки како и на падот на концентрација на моменти во одбраната и тогаш ќе добиете и поголеми шанси за контри и полуконтри, значи повеќе постигнати голови на полесен начин и на начин кој предизвикува фрустрација кај противниците, особено кога тие се фаворити. Уште еднаш, Ви честитам на победата, и продолжете и понатаму уште понапорно да работите. Ви посакувам уште многу победи во ЛШ и експресно враќање во елитата односно во првите две групи според сегашниот систем на натпреварување. Поздрав.

  3. Momcinja bevte odlicni, dostojna zamena za Vugi nasiot nov junak Jane lider na ekipata. Olicno debi na Kuzmanovski, odlicen Madzovski, a isto i Kosteski. Peshevski pogolema koncentracija i da se stavi na dieta a Taleski malku poveke samodoverba hrabrost naporna rabota i da se iskoristi potencijalot koj go ima. Publikata povtorno vo golem broj Vi dade celosna podrska, Vie ste idninata na Makedonskiot rakomet

  4. Odlicen natprevar decki, dostojna zamena na profesorot Vugi, noviot lider Jane odlicen vo plaviot dres, odlicno debi na Kuzmanovski, odlicni Madzovski i Kostesko. Pesevski po koncentrirano na slednite natprevari i dieta ne e los predlog. Taleski pohrabro, posigurno i da go iskoristis potencijalot koj go imas. Publikata povtorno Vi dade podrska zatoa sto Vie ste makedonskata rakometna idnina.

  5. Momci bevte odlicni, dostojna zamena za Vugi, Madzoski i Kosteski odlicno se snajdoa. Peshevski malku po koncentriran a Taleski malku poveke samodoverba i hrabrost. Publikata Vi dade celosna podrska, Vie ste sega na red. So sreka i mnogu uspeh vo ponatamoshnite natprevari.

Напишете коментар


8 + 7 =