Топ Вести

Металург не успеа во Нови Сад

20.09.2017 18:57
7_original_resize

Ракометарите на Металург го забележаа вториот пораз во регионалната СЕХА-лига, откако се поразени на гостувањето кај екипата на Војводина, со резултат 19:21 (11:11). Ова е истовремено и прва победа на Војводина во новата сезона.

Металург одигра слаб натпревар во кој од самиот почеток му ја препушти иницијативата на домашниот тим и во најголем дел од натпреварот бркаше негатива која изнесуваше од еден до максималните три гола. Војводина ги искористи бројните грешки на нашите ракометари, кои се мачеа во нападот, а беа порозни и во одбраната, па релативно лесно стекна резултатска предност, која им дозволи комоција во играта. При крајот на првото полувреме Металург конечно заигра според очекувањата и беше блиску да замине на одмор со минимална предност, но тоа не го дозволи Трифковиќ, кој погоди на две секунди до крајот на првиот дел.

Почетокот на второто полувреме е период кој го одигравме навистина лошо, бидејќи во првите 12 минути постигнавме само еден гол. Војводина брзо се врати на максималните плус три гола, па Металург повторно дојде во ситуација да го спасува натпреварот. Во втората половина од вториот дел, Металург го искористи заморот кај ракометарите на Војводина и, со серија од 4:0, дојде во водство, 17:16. Веднаш после ова нашите ракометари имаа можност да дојдат и до поубедливо водство, но противничкиот голман го сопре ударот на Анџелиќ од цртата за седум метри, што беше дури четврти промашен седмерец за Металург. Казната стигна брзо и Војводина во 57. минута повторно поведе со два гола разлика, што ракометарите на Металург немаа време да го анулираат.

.

Војводина – Металург  21:19 (11:11)

Војводина: Перовиќ (8 одбрани), Јандриќ (1 одбрана), Милиќ, Чагаљ, Остојиќ 1, Стојановиќ 6, Надовеза, Јовановиќ 2, Вучковиќ 2, Ратковиќ 1, Трифковиќ 4, Станковиќ 3, Радичевиќ, Бојаниќ, Грозданиќ 2 и Радовиќ.    Седмерци: 3/3.    Исклучувања: 6 минути.

Металург: Арсиќ (11 одбрани), Томовски, Петров, Дрогришки, Јагањац 2, Лапајне, Токиќ 2, Танкоски, Серафимов 1, Кузмановски 5, Илиќ 3, Анџелиќ 4, Велковски 1, Гуглета 1, Димитриевски и Арсеновски.    Седмерци: 2/6.    Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 367 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 16