Топ Вести

Металург обезбеди настап на фајналфорот во Купот на Македонија

22.04.2017 21:05
_DSѕѕC0129_resize

Металург прв обезбеди настап на фајналфорот во Купот на Македонија, откако денеска го совлада Прилеп во финалето на четврт-финалната група 1. Металург славеше со убедливи 11 гола разлика, 42:31, а основната работа ја заврши уште во првото полувреме.

Металург водеше во текот на сите 60 минути од средбата, но во првата половина од првото полувреме Прилеп доста рамноправно се носеше со поквалитетниот противник и не ни дозволи да обезбедиме поопиплива предност. Сепак, квалитетот е квалитет, па тоа што не ни успеа во првата, го остваривме во втората половина од првото полувреме, па на одмор заминавме со сосема доволни 8 гола разлика, 23:14.

Вториот дел беше чиста формалност. Иако Прилеп на моменти успеваше да ја намали нашата предност, на крајот Металург забележа победа со разлика од 11 гола, 42:31.

Најдобар во нашиот состав беше Обрадовиќ, со десет постигнати голови. Куриозитет се трите гола на нашиот голман Томовски, кој ги искористи сите грешки во играта 7 на 6 на нашиот противник и поентираше во празната мрежа на Прилеп.

Металург – Прилеп  42:31 (23:14)

Металург: Томовски 3, Арсиќ, Петров 1, Дрогришки 2, Младеновиќ, Костески 6, Вејин 1, Обрадовиќ 10, Кузмановски 4, Печенковски, Нелоски 3, Пешевски 2, Палевски 2, Марчец 2, Јусуфинеџад 3 и Арсеновски 3.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 12 минути.

Прилеп: Трајковски, Илиески, Стојаноски, Ѓорѓиевски 2, Петкоски 3, Стојчевски, Трајчевски 3, Спасевски, Петрески 1, Куртовиќ, Тодевски, Орџиникидзе 7 Бозаровски 9, Ивчевски, Јанчев 5 и Јаневски 1.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Исмаил Металари и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Начевски Марјан од Скопје.

Прочитано 3.834 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =