Топ Вести

Металург очекувано обезбеди ново финале во Купот на Македонија

13.05.2016 20:13
EMI_0269_resize

Металург ја совлада екипата на Вардар Јуниор и обезбеди нов настап во финалето на Купот на Македонија. Металург победи со резултат 30:28 (19:16), потешко од очекуваното, но сепак доволно за утре да влезе во борба за трофеј.

Мора да се признае дека Вардар Јуниор мотивирано влезе во овој натпревар и рамноправно се носеше со нашиот поквалитетен состав во текот на поголемиот дел на првото полувреме, во кое двете екипи се менуваа во водство. Така беше се до 27 минута, кога Металург најпосле прикажа дел од својот квалитет и, со серија од 4:0, обезбеди осетна предност, 19:15. Сепак, противникот постигна гол, па на одмор екипите заминаа при резултат 19:16.

Нашата доминација продолжи и во првите десетина минути од вториот дел, кога, со нова серија од 4:0, стигнавме до највисоките +8, 25:17, разлика која ја повторивме и при 26:18. Кога се очекуваше катастрофа на противничката екипа, нашите ракометари како да се задоволија од постигнатото и повторно ја спуштија топката, што го искористи противникот за намалување на нашата предност. Во последните седум минути направивме повеќе грешки и му дозволивме на Вардар Јуниор да извлече добар резултат и пораз од само два гола разлика.

Металург – Вардар јуниор 30:28 (19:16)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 1, Мраковчиќ, Маџовски, Божовиќ 3, Костески 6, Матиќ 1, Вујовиќ 1, Бувиниќ 1, Кузмановски 4, Јагуриновски, Кукоски, Талески 8, Пешевски 1 и Палевски 4.   Седмерци: 3/4.   Исклучувања: 6 минути.

Вардар јуниор: Чаневски, Ивановски, Костовски 3, Спасовски, Георгиевски 2, Тренчевски 5, Чурлевски 2, Ангелов 1, Јовчевски, Андовски 4, Симиќ, Ристов 2, Манасков 1, Поповски 2 и Вујачиќ 6.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Василев Јован од Битола и Папуџиев Драги од Скопје.

Прочитано 803 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 5 =