Топ Вести

Металург отпатува за Монпелје

14.09.2017 12:55
vuegnralepalaisdessports_resize

Денеска рано наутро, Металург отпатува за Монпелје, каде треба да ја одигра средбата од првото коло во Лигата на шампионите.

Металург денеска го чека долг пат, бидејќи најпрво летна за Љубљана, а потоа од главниот град на Словенија до Париз, за на крај, со локална авиолинија, да летне за Монпелје, каде ќе слета касно навечер.

Утре Металург ќе го искористи денот за адаптација во новата средина и ќе го одржи својот редовен тренинг.

Средбата со Монпелје се игра в сабота, со почеток во 17.30 часот. Натпреварот ќе се одигра во Палатата на спортовите “Рене Бауњол“, со капацитет од 3000 гледачи.

 

Скопје avion_resizeЉубљана avion_resizeПариз avion_resizeМонпелје

Прочитано 410 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 1