Топ Вести

Металург отпатува за Шпанија

02.12.2016 19:46
AND_732703122016_resize_resize

Со утринскиот лет преку Истанбул, Металург ќе отпатува за Шпанија. Летот за Истанбул е во 9.15 часот, а во Мадрид нашата екипа ќе пристигне во 16.50 часот. Од Мадрид нашите ракометари ги очекува и тричасовен пат со автобус до Логроњо, каде се игра средбата со Ла Риоха.

Овој натпревар, од деветтото коло на Лигата на шампионите, се игра утре, со почеток во 17.30 часот. Средбата се игра во “Палатата на спортовите Ла Риоха“, со капацитет од 3800 места.

Металург се враќа в недела, со летот од Мадрид во 12.15 часот, преку Истанбул, а во Скопје ќе пристигне во 19.40 минути.

Прочитано 4.664 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 1