Топ Вести

МЕТАЛУРГ ОТВОРИ ШКОЛА И ВО КРАТОВО

02.03.2015 12:40
_DSC0028_resize

za tekst

Во склопот на вчерашните ракометни игри во Делчево, Металург ја промовираше и својата нова школа во Кратово, Кочо Рацин-Металург. Предводени од Кристина Младеновска, стотина деца ќе тренираа во салата на ОУ “Кочо Рацин“ во Кратово.

Тренинзите се одржуваат во следните термини:

Понеделник: 14.00 – 15.00 ч., 16.30 – 17.30 ч., 17.30 – 18.30 ч.

Вторник: 13.30 – 15.00 ч.

Среда: 13.30 – 15.00 ч., 16.30 – 17.30 ч., 17.30 – 18.30 ч.

Четврток: 13.30 – 15.00 ч.

“Голема благодарност до Металург за поддршката за ракометот во помалите градови. За нас тоа е шанса за напредок и чувство на припадност на еден систем кој секојдневно дава резултати. Среќни сме поради тоа и очекуваме голем наплив на нови ученици, вели Кристина Младеновска, тренерот на школата во Кратово и поранешна ракометарка.

“Продолжуваме по зацртаниот план, а тој е да го развиваме ракометот во секој дел од нашата земја. Среќни сме што нашата нова школа ќе ја предводи еден посветен работник каква што е Кристина Младеновска. Ја има нашата целосна поддршка и очекуваме оваа школа наскоро да стане една од нашите најдобри“, рече директорот на Академијата Металург Тони Ристовски.

Фото:

Прочитано 1.138 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 3 =