Топ Вести

Металург подготовките ќе ги продолжи во Охрид

18.08.2017 17:08
thumbnail_4L5A5590

По струшкиот турнир, Металург мина во Скопје само неколку дена и веќе в недела нашите ракометари подготовките ќе ги продолжат во Охрид.

Во нашата сала “Автокоманда“ во тек се работите околу средување на паркетот, па затоа е решено подготовките на Металург да продолжат во Охрид, каде нашите ракометари ќе бидат сместени во хотелот “Бетон“.

Металург во Охрид ќе остане до 26 август, а ќе тренира во салата “Билјанини Извори“.

Во последните неколку дена пред официјалниот старт на сезоната во СЕХА-лигата нашите ракометари ќе се подготвуваат во Скопје.

Нашиот прв официјален натпревар во сезоната 2017/18 е средбата со Вардар во склопот на првото коло на СЕХА-лигата. Овој натпревар ќе се игра на 2-ри септември во ВИП Арената “Борис Трајковски“, со почеток во 17.45 часот.

Прочитано 1.236 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 7 =