Топ Вести

Металург подобар од Пореч во пријателски натпревар

15.03.2017 21:42
150320174viber_image

Металург веќе една седмица се подготвува во Пореч, пред почетокот на плеј-офот во домашното првенство, а денеска ја одигра и првата пријателска средба.

Совладана е екипата на Пореч, со резултат 36:29 (16:15).

Во првото полувреме се водеше рамноправна борба, а заврши со минимална предност на нашиот тим. Затоа, пак, во вториот дел Металург го скрши отпорот на својот противник и ја заврши средбата со седум гола предност.

Лино Червар ги испроба сите свои ракометари, а играа и Гуглета и Кузмановски, кои заедно постигнаа три гола.

Металург – Пореч  36:29 (16:15)

Металург:  Арсиќ, Томовски, Петров 1, Дрогришки 2, Младеновиќ, Вејин 1, Костески 6, Обрадовиќ 6, Кузмановски 1, Илиќ 4, Печенковски, Нелоски 2, Велковски 4, Пешевски 4, Палевски 3, Јусефинеџад, Гуглета 2 и Арсеновски.

Прочитано 4.144 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − = 6