Металург поразен и на гостувањето кај Бешикташ

18.11.2017 16:40
GIL_7277_resize_resize

Металург ја загуби и втората средба против Бешикташ во актуелната сезона во Лигата на шампионите. Во рамките на 8. коло, во Измит, Металург е поразен со резултат 29:32 (15:13).

Металург беше на добар пат да ги врати бодовите загубени во Скопје, бидејќи цели 40 минути беше подобриот тим на денешната средба. Од самиот почеток имавме целосна контрола врз настаните на теренот и по само десетина минути создадовме комотна предност од три гола, 2:5. Имаше Металург и четири гола предност, најпрво при 9:13, а потоа и при 10:14, но домашниот тим сепак успеа да ја преполови нашата предност и на одмор да замине со негатива од два гола, 13:15.

За жал, второто полувреме во ништо не наликуваше на првото. Металург го фати криза, па се нижаа грешките на нашите ракометари, а згора на се се разбрани и извонредниот голман на Бешикташ, Египјанецот Хендави, кој мечот го заврши со дури 16 одбрани (10 во вториот дел) и имаше дури 10 одбрани повеќе од нашиот голмански двоец. Мотивирани од одличните одбрани на Хендави, се разиграа и ракометарите на Бешикташ, кои второто полувреме го одиграа безмалку без грешка.

Проблемите почнаа во 35. минута, кога, при водство на Металург со 16:19, Бешикташ направи серија од 5:0 и поведе со 19:21. Иако Металург за кратко се врати во игра, 21:21, сепак иницијативата дефинитивно премина на страната на турскиот шампион, кој во 47 минута имаше и четири гола предност, 25:21. На неколку минути до крајот Металург дојде на само гол негатива, 27:26, но потоа влезе во нова криза проследена со неколку почетнички грешки, па конечниот пораз стана неизбежен.

Ова е петти пораз на Металург, трет едноподруго, во тековната сезона во Лигата на шампионите и до крајот имаме уште само два натпревари од групната фаза, дома со Мотор Запорожје и на гости со екипата на Спортинг Лисабон.

.

Бешикташ – Металург  32:29 (13:15)

Бешикташ: Хендави (16 одбрани), Демирезен 1, Доне 6, Ерсин 2, Гунај, Каратај, Кесер, Крсманчиќ, Лазаров 2, Нуиќ 3, Озбахар 7, Прибак 4, Радојковиќ, Томиќ и Вражалиќ 7.   Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 10 минути.

Металург: Арсиќ (4 одбрани), Томовски (2 одбрани), Анџелиќ 3, Арсеновски, Димитриевски, Гуглета 3, Илиќ 5, Јагањац 3, Кузмановски 6, Палевски 2, Пешевски 1, Петров 3, Серафимов, Танкоски, Токиќ 2 и Велковски 1.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 8 минути

Судии: Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ од Австрија.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора

Прочитано 308 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 4