Топ Вести

Металург повторно испушти бодови во СЕХА-лигата

17.12.2017 22:40
nexe-metalurg_1st-4_original_resize

Предмалку заврши средбата во Нашице, каде Металург и гостуваше на екипата на Нексе во својот последен натпревар во 2017 година. Средбата заврши со резултат 31:31, но остана впечатокот дека Металург повторно не доби добиен натпревар и испушти нови бодови во ова регионално натпреварување. Имено, на помалку од пет минути до крајот, имавме повеќе од комотно водство, 28:31, но му дозволивме на противникот средбата да ја заврши со серија од 3:0 и да дојде до еден бод.

Металург на оваа средба допатува крајно ослабен, без Анџелиќ, Кузмановски, Димитриевски и Гуглета, со само 14 ракометари. Но, одигра машки и имаше предност во добар дел од првото и уште повеќе во второто полувреме. Во вториот дел долго се играше гол за гол, а потоа Металург за првпат се одвои со три гола предност, 25:28, на девет минути до крајот. Уште поблиску до победата бевме во 55. минута, кога, со двата гола на Илиќ, повторно направивме разлика од три гола. Сепак, дури ни оваа предност не беше доволна за освојување на трите бода на гости кај за нас секогаш незгодниот тим на Нексе, кој буквално ни откорна два бода. Имавме и напад за победа во последната минута, но голманот Пилиповиќ ја прочита цепелин-намерата на Велковски и Илиќ. На крајот, средбата можевме и да ја загубиме, бидејќи на противникот му остана безмалку половина минута за својот последен напад, но за среќа тоа не се случи.

Средбата ја одбележаа двајца одлични ракометари, Халил Јагањац од Металург и Марко Бувиниќ од Нексе, кои водеа свој натпревар во постигнување голови, а кој исто така заврши без победник, бидејќи и двајцата постигнаа по девет гола.

.

Нексе – Металург  31:31 (16:15)

Нексе: Лелиќ (1 одбрана), Пољак, Пилиповиќ (6 одбрани), Шипиќ 1, Концул, Лебан 2, Етер 2, Зрниќ 5, Мрџеновиќ 1, Јаман 6, Мичевиќ, Бувиниќ 9, Јелиниќ 3, Гргиќ, Лавриќ и Томиќ 2.    Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 10 минути.

Металург: Арсиќ, Томовски (3 одбрани), Даниловски (3 одбрани), Петров 2, Јагањац 9, Димитриоски 2, Токиќ 3, Шилегов 2, Танкоски 2, Илиќ 3, Велковски 3, Пешевски 5, Палевски и Арсеновски.   Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 14 минути.

.

Прочитано 130 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =