Топ Вести

МЕТАЛУРГ СЕ ИЗБОРИ ЗА НОВО ФИНАЛЕ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2014 19:14
10376385_10152230091308101_1838106171_o

za tekst

Полесно од очекуваното Металург го совлада тимот на Зомимак М, со резултат 31:25 (15:9) и се пласира во финале од Купот на Македонија, каде ќе се сретне со екипата на Вардар, која го совлада тимот на Тинекс Пролет, со резултат 31:20.

Денешната средба беше неизвесна само во првите десетина минути, во кои двете екипи се менуваа во водство. Така беше се до резултат 5:5, а потоа Металург, со серија од 5:0, создаде комотно водство кое не го испушти до самиот крај. На одмор екипите заминаа при резултат 15:9 за Металург.

Во второто полувреме нашите ракометари продолжија со притисок на голот на струмичани, па наскоро разликата се искачи и на + 10, 20:10. До крајот на натпреварот оваа разлика се повтори уште неколку пати, но нашето опуштање на крајот од средбата го искористи противникот и се избори за пристоен пораз.

Големото финале е на програмата утре, со почеток во 17.45 часот.

РК Металург – РК Зомимак М  31:25 (15:9)

РК Металург: Станиќ, Мијатовиќ, Ојлески 2, Димовски 1, Вугринец 6, Георгиевски 1, Манасков 4, Миркуловски 1, В.Маркоски 1, Мојсоски 1, Н.Маркоски 2, Атман 1, Циндриќ 5, Јоновски, Борозан 5 и Мандиќ 1.     Седмерци: 3/3.

РК Зомимак М: Атанасов, Павловски, Младеновски 5, Тренчевски 1, Милосавлевиќ 1, Колев, Шалевски, Богоевски 1, Стојановски, Ангеловски, Спировски, Чантурија 11, Митревски, Караиванов и Везенкоски 6.     Седмерци: 5/6.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Драган Начевски и Ацо Николовски од Скопје.

Прочитано 2.317 пати

(1) Коментар

  1. odime na pobeda

Напишете коментар


+ 5 = 6