Топ Вести

Металург сепак немаше сили за успех против моќниот Вардар

11.05.2017 20:21
ANппD_5818_resize

Металург проба, но не успеа. Вардар денеска беше пресилен за нашиот тим и заслужено се најде на чекор од новата титула во првенството на Македонија.

Металург на почетокот ветуваше дека може да му се спротивстави на фаворитот, па иако Вардар воглавно водеше со еден до три гола разлика, Металург постојано успеваше да ја достигне таа разлика, а во еден момент дури и премина во водство, 5:6. Сепак, психолошкиот притисок беше преголем, па нашите ракометари зачестија со грешки, кои резултираа со лесни голови на противникот во празната мрежа на Металург. Многу брзо разликата стана чувствителна, а по првите 30 минути достигна и цели 7 гола, 20:13.

Продолжението на средбата покажа дека Металург нема да има сили да ја достигне високата предност на Вардар, па поразот беше неминовен.

Посебен хендикеп беше играта на Обрадовиќ, кој повреден ја одигра целата средба и беше јасно видливо дека тешко се движи по теренот.

Се на се, Металург не ја исполни целта и доживеа еден од највисоките порази во меѓусебните средби со големиот градски ривал.

 

Вардар – Металург 38:25 (20:13)

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов 2, Недановски 1, Македа, Карачиќ 7, Душебаев 5, Кањељас 2, Циндриќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 5, Борозан 6 и Марсениќ.   Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 2 минути.

Металург: Арсиќ, Томовски, Петров, Дрогришки 1, Младеновиќ, Костески, Вејин 2, Обрадовиќ 6, Кузмановски 2, Илиќ 7, Нелоски, Велковски 1, Пешевски 4, Марчец 1, Јусефинеџад и Гуглета 1.   Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: К.Металари/А.Николовски од Скопје.

Прочитано 3.352 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =