Топ Вести

Металург со четири екипи ќе настапи на турнир во Белград

25.12.2017 13:53
22122017211302_web_trofej-beograda-novogodisnji-rukometni-turnir-2017-fc02a

Четири екипи на Металург ќе бидат дел од 14-от меѓународен новогодишен ракометен турнир „Трофеј на Белград 2017“, кој од 27 до 29 декември ќе се игра во Белград во осум спортски сали.

На турнирот во Белград ќе учествуваат 93 екипи од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Романија и Франција, од кои 56 во машка и 37 во женска конкуренција. Натпреварувањата ќе бидат во три старосни групи и тоа деца родени 2001, 2003 и 2005 година.

Металург ќе учествува со две машки и со две женски екипи, кои ќе се натпреваруваат во повозрасни старосни групи од својата, односно кадетите на Александар Јовиќ и кадетките на Даниела Тасевска родени 2002/2003 ќе се натпреваруваат во генерацијата 2001, додека, пак, пионерските екипи на Оливер Димитриоски и на Наталија Тодоровска родени 2004/2005, ќе се натпреваруваат во генерацијата 2003 година.

Екипите најпрво ќе разигруваат во групи, а потоа им следуваат елиминациски мечеви за пласман.

Тања Димитриоска

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − 4 =