Топ Вести

Металург со победа ја заврши сезоната

30.05.2017 20:39
250942017_DSC0002_resize

Ракометарите на Металург со победа ставија крај на тековната сезона, во која во домашното првенство забележаа девет победи и само еден пораз, кој за жал стана решавачки во обидот да дојдеме до титулата.

Денеска во Битола Металург го совлада тимот на Еурофарм Работник, кого го победивме со резултат 24:22 (11:7).

Иако средбата не решаваше ништо, и двете екипи сакаа да дојдат до трите бода, Металург за да заврши со ист број бодови со Вардар, додека Работник да дојде до победа против еден од двата најдобри тима во македонскиот ракомет.

Иако натпреварот мина во рамноправна борба, сепак Металург беше екипата која ја имаше предноста во најголемиот дел од средбата. Резултатски израмнето беше се до 5:5, а потоа нашите ракометари минаа во водство кое не го испуштија до самиот крај. На полувреме имавме позитива од 4 гола, која стана решавачка.

Во вториот дел Работник се обиде да дојде до пресврт, а во три наврати дојде и до негатива од само еден гол, но тоа беше се. Металург рутински го одигра овој период и заслужено ги однесе бодовите од Битола.

Најдобар поединец во Металург беше Филип Кузмановски со 7 постигнати гола, три повеќе од  Обрадовиќ и Дрогришки. Кај Работник се истакнаа Петровски со 5 и Адли и Чурлевски со по 4 гола.

Прочитано 2.976 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 16