Топ Вести

Металург стартува со завршната фаза од подготовките

20.08.2017 15:58
19082017093736_web_20706205_10211727462954883_977591055_o

Ракометарите на Металург од денеска во Охрид ќе ја започнат завршната фаза од подготовките пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Избраниците на Лино Червар, во седумдневните подготовки во салата „Билјанини извори“ во Охрид, предвидено е, покрај финализирањето на формата, да одиграат и три пријателски натпревари со македонските суперлигаши Охрид, Пелистер и Еурофарм Работник. Како што е познато, претходно металурзите беа на седумдневни подготовки во Маврово, по што настапија на 45-от меѓународен ракометен турнир во Струга, каде што по двете победи над Струга и Охрид и поразот од освојувачот на турнирот, француски Шартр, завршија на третата позиција.

Охрид ќе биде нашата последна станица од подготовките за претстојната сезона. Во изминатите дваесетина дена работевме на сите сегменти на играта, кондициски, техничко-тактики и психолошки. Задоволен сум од ангажираноста, посветеноста и од волјата со која ракометите ги реализираа поставените задачи. Од досега сработеното и одиграното во мечевите во Струга, полека почнувам да ја формирам екипата и стилот на игра со кој ќе пробаме повторно позитивно да изненадиме сезонава. Сепак, има уште многу да се работи, ако сакаме да ги постигнеме посакуваните цели“, рече тренерот на Металург, Лино Червар, пред поаѓањето за Охрид.

За Металург годинашната сезона ќе има пеколен почеток. Прв на програмата е дерби-дуелот од 1-то коло во Регионалната лига со вечниот градски ривал Вардар, кој ќе се игра на 2 септември (17.45 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“, додека, пак, сезоната во Лигата на шампионите ќе започне на 16 септември со гостување кај фаворитот во групата “Д“, француски Монпелје.

Прочитано 2 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 − 1 =