Топ Вести

Металург убедлив на контролката против Пелистер

22.08.2017 20:04
21038100_1574113185979264_1895714257_o

Металург во моментот е во Охрид, каде тренира во склопот на последната фаза од своите подготовки за новата сезона. Составот на Лино Червар, меѓу другото, формата ја бруси и со играње на пријателски натпревари против дел од најдобрите екипи од македонското првенство – Пелистер, Еурофарм Работник и Охрид.

Вечерва се одигра првата од трите планирани пријателски средби во која Металург го надигра тимот на Пелистер, кого го совлада со убедливи 33:23 (21:11).

Металург беше подобриот противник во текот на целата средба, иако сите проблеми ги реши уште во првото полувреме, што го добивме со десет голови разлика.

Најдобри поединци во нашите редови беа Илиќ, стрелец на 8 гола, Ангелиќ и Кузмановски, кои погодија по четирипати, како и Серафимов и Гуглета, кои постигнаа по три гола.

Веќе заутре на ред е втората пријателска средба.

.

21037713_1574113255979257_168893131_o_resize

21035106_1574195882637661_71766388_o_resize

Прочитано 5 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 0