Топ Вести

Металург утре ги “пали моторите“

02.08.2017 21:45
fire-ball-wallpaper_resize

Утре во Автокоманда, со почеток во 17 часот, почнуваат подготовките на Металург за новата сезона.

Многу наши ракометари, кои беа дел од нашата младинска репрезентација во Алжир, во новата сезона влегуваат без одмор, но се очигледно во топ форма.

Металург во Скопје ќе остане само еден ден, па веќе в петок ќе замине на висински подготовки во Маврово.

Од Маврово нашите ракометари ќе заминат во Струга, каде ќе учествуваат на 45-то издание на меѓународниот струшки турнир.

Првиот натпревар во СЕХА-лигата ќе го одиграме на 2 септември, против екипата на Вардар, а првиот натпревар во Лигата на шампионите е на програмата во средина на септември, кога и гостуваме на екипата на Монпелје.

Прочитано 1.572 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 0