Топ Вести

Металург вечерва замина за Лисабон

30.11.2017 22:30
GIL_8897_resize_resize

Вечерва Металург замина за Лисабон, каде в сабота го игра последниот натпревар во Лигата на шампионите, против екипата на Спортинг.

Металург со автобус замина за Софија, каде утре наутро има лет за Истанбул, а потоа и за Лисабон, каде ќе пристигне околу 16 часот. Утревечер. Металург ќе го одржи и својот единствен тренинг пред натпреварот.

Средбата со Спортинг се игра в сабота, со почеток во 20 часот.

Првиот натпревар меѓу овие две екипи се одигра во Скопје, на 30 септември, и заврши со минимална победа на Металург, со резултат 28:27 (17:13).

В недела, Металург се враќа со лет од Лисабон до Истанбул, а потоа од Истанбул до Скопје.

Прочитано 345 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 17