Топ Вести

Металург во финалето на 4-та четврт-финална група во Купот на Македонија

23.04.2016 14:53
_DSC0002_resize

Металург очекувано обезбеди пласман во финалето на својата четврт-финална група во Купот на Македонија. Предпладнево совладана е екипата на Борец, со резултат 33:24 (18:11).

Тоа беше интересен натпревар, рамноправен во првите десетина минути, до резултат 6:6, додека Металург не ја презеде иницијативата, која не ја испушти до крајот на средбата.

Сета работа беше завршена веќе во првото полувреме, кое го завршивме со недостижни 7 гола разлика, па вториот дел мина без многу потреси, бидејќи гостинската екипа немаше сили да се обиде да го нападне нашиот резултат.

Металург на овој натпревар употреби онолку сили, колку што беа потребни за убедлива победа.

Металург – Борец  33:24 (18:11)

Металург: Дупјачанец, Томовски, Петров 1, Костески 2, Матиќ 2, Вујовиќ 1, Бувиниќ 3, Матијашиќ 2, Кузмановски 5, Јагуриновски 2, Кукоски, Талески 5, Пешевски 3, Палевски 5, Шаин 2 и Арсеновски.    Седмерци: 0.     Исклучувања: 4 минути.

Борец: Димовски, Трчков 6, Стојковски, Игнов 2, Лазаревски, Гинов 3, Петровски, Стојановски, Атанасовски 8, Органџиев, Јовчевски, Чичевалиев 1, А.Лазаровски, И.Лазаровски 4.   Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Христовски Војо и Мајнов Бобан од Скопје.

Делегат: Петров Благој од Скопје.

Прочитано 592 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 12