Топ Вести

Металург загуби во Цеље

06.12.2017 21:46
IMGL0253_preview_original_resize

Изморен од бројните патувања и ослабен со отсуството на неколку стандардни првотимци, Металург вечерва гостуваше во Цеље, каде одигра натпревар од 9. коло на СЕХА-лигата.

Металург убедливо е поразен, иако се чини дека поразот е превисок, со оглед на случувањата на теренот.

Нашите ракометари лошо ја почнаа средбата и му дозволија на противникот од самиот почеток да стекнат убедлива предност од 4:0. Мораа да минат цели седум минути, пред Петров да го постигне првиот гол за Металург. Сепак, Металург успеа да ја надмине почетната криза и веќе во 13. минута имаше резултатски приклучок, 5:4. Се до пред крај на првото полувреме се играше гол за гол, а потоа Цеље повторно стекна осетна предност од три гола, 15:12, со која екипите заминаа на одмор. Најголемата опасност по нашиот гол во првиот дел доаѓаше од левото крило Тилен Кодрин, кој постигна дури седум гола.

Почетокот на второто полувреме им припадна на нашите ракометари, кои за пет минути направија серија од 4:1 и за прв пат го израмнија резултатот на 16:16. Можеби Металург ќе продолжеше со одличната серија, но беше исклучен Халил Јагањац, а тоа го искористија ракометарите на Цеље и за две минути постигнаа три гола, со што ја вратија разликата од почетокот на вториот дел. Тоа делуваше деморализирачки на нашите ракометари, кои веќе немаа сили за пресврт.

Конечната разлика е девет гола во полза на домашниот тим, кои се чини дека се превисоки.

.

Нексе – Металург  34:25 (15:12)

Нексе: Лесјак 1, Пањтар, Вујовиќ, Јуречиќ 2, Малус 1, Разгор 3, Сухолежнил, Маргуч 4, Грошељ 6, Кодрин 10, Макуч 1, Аниќ 1, Душебаев 1, Мачковшек 2, Млакар 1 и Беќири 1.   Седмерци: 4/4.        Исклучувања: 0 минути.

Металург: Арсиќ, Томовски (8 одбрани), Петров 4, Јагањац 8, Токиќ 2, Танковски 1, Серафимов 1, Кузмановски 2, Анџелиќ, Велковски, Пешевски 7, Гуглета, Димитриевски и Лазаревски.   Седмерци: 0/1        Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 0 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 11